Ekoloski proizvodi Limes - Makedonija

Ekoloski proizvodi Limes - Makedonija
sponzor : Jasmina Trajkovska, Sorabotnicki broj: 30100302

Limes proizvodi | kolekcija | nega na lice

Доколку сакате некои од производите да ги набавите по пониски цени, кликнете на линкот подолу за регистрација во компанијата, одберете производи во износ од 8 бода и пополнете го формуларот. 
  Во полето спонзор впишете  
Јасмина Трајковска, соработнички број 30100302
Во колекцијата за нега на лицето, можете да најдете креми за секаков тип на кожа, и за секаква намена. Дел од палетата на Лимес се дневна крема со сребрена вода, природна крема, крема против брчки, спа крема, семејна крема...
 Ваш дистрибутер и спонзор:
Јасмина Трајковска
Соработнички број:
30100302 

  
 - Еколошка ракавица за отстранување на шминка - 2 бода
 

- Секако, пред нанесување на кремите потребно е чистење на лицето, што можете да го сторите со Лимесовата ракавица за чистење на лице.
Ја чисти кожата на едноставен, ефикасен и природен начин. Темелно и брзо ја отстранува шминката и нечистотиите од лицето, го масира лицето и ја подготвува кожата за понатамошен третман. Со употреба на еко ракавицата кожата е безбедна, здрава и се успорува процесот на стареење. Не иритира, па затоа е погодна и за чувствителна кожа.
- Дневна крема со сребрена вода и екстракт на невен, 100мл, за сите во домот и за секаков тип на кожа - 4,5 бода

Кремата ја храни и ја хидрира кожата. Масните материи од маслената фаза и екстрактот на невен создаваат комплекси, кои на кожата оставаат невидлив филм кој ја храни и ја прави исклучително мека, додека водените супстанции со активните принципи продират длабоко и предизвикуваат зголемена циркулација – побрзо обновување на ќелиите. Во оваа крема е вградена сребрена вода која ја прави уште поефикасна во својата задача.


Со секојдневна употреба покрај нега овозможува отстранување на акни, гнојни чепови, мозолчиња и екцеми. Вака конципирана кремата е наменета за сите возрасти и типови на кожа.



- Природна крема- ноќна, 60мл, со масло на јојоба и прополис и екстракт од липа - 3,5 бода

Наменета за нега на лицето. Составена од природни суровини, жолт пчелин восок, cetaceum (се добива од коските од черепот на кит), јојоба масло, прополис и екстракт од липа. 
Кремата содржи биоактивни материи и е без конзерванси, зашто природниот восок содржи во себе мали количества мравја киселина, која ја конзервира по природен пат. Затоа можеме да ја наречеме - био крема „anti AGE” .


Кремата се користи навечер, а во зависност од типот на кожата може и преку ден. Се нанесува на претходно исчистена кожа со благо втривање, со што се овозможува длабинско делување во поглед на интензивирање на метаболизмот на клетките.
Многу е хранлива и мрсна и затоа за еден дневен третман е потребна многу мала количина од кремата. Посебно се препорачува на лица со сува, испукана кожа.
 
-Спа крема со екстракт на краставица, 100мл. - 2,2 бода

СПА кремата е дневна хидратантна крема која претставува заштитна бариера и го ограничува дневното губење на влага. Во кремата е вграден сок од краставица. Моментално и видливо ги отстранува недостатоците на кожата, црвенило, отоци, ги ублажува брчките. Краставицата содржи до 90% вода, витамин Ц, каротин, пектин, ензими и уште многу корисни материи кои ја негуваат кожата. Одлично средство против воспаленија на кожата и слузницата.


Се нанесува два пати во текот на денот без оглед на типот на кожата, а по потреба и повеќе пати ( за лица со сува и испукана кожа). Одговара на сите типови на кожа. Посебно се препорачува на лица со сува кожа, која лесно се перута и е наклонета кон создавање на брчки. Што добива кожата со употреба на СПА кремата? Потребната количина на влага, и се враќа природната влажност и спречува понатамошно губење на влажноста. Кремата е идеална за ладниот период кога заради студот и ветрот кожата дополнително губи влага. Многу добро делува на воспалена и мрсна кожа пропратена со мозолчиња и митесери, бидејќи краставицата делува како чистач на кожата.


- Крема против брчки со Q10 - 5 бода и антирид крема со Q10 - 3 бода
 

Дневната крема со Q10 претставува единствена формула која го зголемува природното ниво на Q10 и креатинот на кожата. Креатинот го подобрува процентот на коезимот Q 10 во борбата против брчките. На природен начин ја враќа свежината и еластичноста на кожата и ја подобрува нејзината микроциркулација. Континуирано ги ублажува постоечките брчки, спречува настанување на нови и ја обновува кожата. Ги оживува ќелиите и интензивно го успорува процесот на стареење. По употребата кожата е помлада, здрава и затегната, а брчките се видно намалени. 

 
Антирид крема со Q 10 за подрачје околу очи и усните  е лесна формулација која дејствува превентивно, зголемувајќи го природното ниво на коензимот Q 10 во кожата. 
ДЕЈСТВО: Кожата брзо ја впива кремата која поминува во подлабоките слоеви, континуирано ги ублажува постоечките брчки, го спречува настанувањето на нови и ја обновува кожата.
РЕЗУЛТАТИ: Ситните брчки исчезнуваат во рок од три до четири недели и ги ублажува подочњаците. Мазна, затегната и здрава кожа без темни кругови околу очите. Погодна е за сите типови на кожа.
УПОТРЕБА: Се употребува секој ден по отстранување на шминката и чистење на лицето. Се нанесува мала количина на кремата на надворешната страна на делот околу очите и усните и нежно се втријува.

 
- Крема против брчки, ноќна 4,03 бода - и антирид крема -2,08 бода

Крема против брчки 50мл
 


Кремата против брчки ја ревитализира кожата, го одржува тонусот и ја хидрира, правејќи ја нежна, сјајна и еластична. Хармонична композиција на база на природни суровини со козметички квалитет, витамини, растителни масла: јојоба, бадемово, рицинусово и масло од ночурак, колаген и хијалуронска киселина. Кремата е богата со есенцијални масни состојки неопходни за создавање на нови ќелии. Го забрзува метаболизмот на ќелиите, ја одржува киселобазната рамнотежа и го намалува негативното влијание на слободните радикали. Совршениот комплекс на биолошки активни состојки, има за цел да ги спречи и ублажи последиците од прерано стареење и да ги зајакне одбрамбените  способности на кожата.

Дејство:Длабински ја негува и ја јакне кожата со зголемување на нивото на влажност, го забрзува метаболизмот на ќелиите. Ситните брчки исчезнуваат. По 4 недели видливо ги намалува брчките до 50%. Спречува прерано стареење на кожата, им дава енергија на ќелиите. На кожата и го враќа тонусот и еластичноста и ја прави блескава.

Нега:Најдобри резултати кремата дава ако се нанесува на претходно исчистена кожа на лицето, вратот и деколтето. Се нанесува секоја вечер со благо втривање во кожата и се остава да делува. Кремата може да се нанесува и наутро пред шминкање. Одговара на сите типови на кожата.

Антирид крема 15мл

Содржи сировини со козметички квалитет: 
-пчелин восок, 
-билни масла (јојоба, рицинусово, бадемово),
-витамин Е,
-витамин А,
-колаген.

Комплексот на биоактивни материи од кремата преоѓа во подлабоките слоеви на кожата, исправајки ги постоечките и спречувајки го формирањето на нови брчки. На кожата и се враќа еластичноста и влажноста.
Кремата се нанесува секоја вечер во период од 6-8 недели. Кремата се користи за нега на чувствителната кожа околу очите и усните. Се препорачува негата со оваа крема да се започне после 25 години старост.

 Семејна крема за целото семејство - 2,36 бода


КАРАКТЕРИСТИКИ,СОСТАВ: Содржи екстракт од кантарион и невен, ја штити и негува кожата на лицето и телото. Комбинација на екстракт од кантарион и невен и внимателно одбрани природни состојки, корисно и козметички делува на кожата. Не се отстранува во целост во допир со вода.
НЕВЕН:(calendula officinalis) делува против иритирачки, а иритираната кожа ја враќа во нормала. Делува корисно на кожата со мали неправилности, прво опушта и ја смирува, освен тоа делува како лек во зависност од тоа за кој проблем станува збор, црвенило, иритација...Ја подобрува циркулацијата. Ја храни кожата и и овозможува брза регенерација на кожата, создавајќи нови, млади келии.
КАНТАРИОН:(hypericum perforatum) го подобрува имунолошкиот систем на кожата, дезинфицира, ја чисти кожата, ја олеснува епителизацијата, го отстранува епителот заедно со невенот.
ГЛИЦЕРИН: ја храни и многу повеќе ја хидрира кожата, овозможува кожата да ја впие кремата и истата да делува.
ДЕЈСТВО: Ја штити и негува кожата на лицето и телото, не ги затвара порите и лесно се размазнува, ја хидрира кожата, делува дезинфицирачки, брзо ги лекува раните, гребнатините и отоците, смирува воспалена кожа.
НЕГА: Еднаш дневно, а во зависност со проблемот и повеќе пати во текот на денот да се нанесува кремата на кожата на лицето-телото, благо да се втрие и да се остави да делува. Се препорачува на лица со осетлива сува и искукана кожа, бебиња и мажи за после бричење.
ИСКУСТВА ОД МРЕЖА НА ПОТРОШУВАЧИ: Во комбинација со Антибактериски течен сапун дава одлично лековито дејство. Помага кај алергии, гљивици и инфекциски заболувања, проширени вени, хемoроиди, синуси...
Многу е добра за интимна нега кај воспален процес и гљивични заболувања со предходна дезинфекција со Антибактерискиот течен сапун. Доколку дојде до чешање или создавање на јачмен кај коњуктивис, внатрешноста околу окото намачкајте го со семејна крема.

Млеко за лице и тело со Q10 алантоин и екстракт на невен 4,7 бода

Покрај исклучителното млеко со алое вера сега во понуда е врвно, повеќенаменско, хидратантно млеко за нега на лице и тело. Исклучително блага и брзо впивачка текстура. Токму она што е добро за кожата. Формулата на млекото со алантоин и екстракт на невен поттикнува брза циркулација на крвта и со тоа го забрзува создавањето на нови ќелии, додека активните компоненти на единствениот енергетски комплекс Q10 на кожата и даваат можност да се регенерира во подлабоките слоеви на епидермот и со тоа ја регулираат оптималната количина на колаген во кожата. Со редовна употреба на млекото за кожа, брчките ефикасно се намалуваат, а нивното враќање и создавање на нови е спречено. Q10 ефикасно ја штити кожата од негативни надворешни влијанија. Невенот е природен регенератор, кој ја одржува природната влажност, мекост и еластичност на кожата. Q10 во комбинација со невен и алантоин ја ревитализира кожата, ја храни и спречува стареење.
 
 

Тоник за чистење на лице 200мл - 2,2 бода
 

Содржи екстракт на НЕВЕН, КАМИЛИЦА, Д-Пантенол... -Длабински ја чисти, негува и храни кожата, -Ги отстранува умртвените клетки на кожата
-Ја негува третираната површина без иритација
-Ја чува кожата од негативни надворешни влијанија
-Хидратизира и освежува
-Го подготвува лицето за нанесување на крема

Се нанесува на лицето со памукче, два пати дневно, најдобро е навечер и наутро, како би се отстраниле нечистотиите.
Наутро е важно да се отстранат штетните материи кои кожата ги излачува во текот на ноќта. 

Вечерното чистење е уште поважно зашто кожата треба да се исчисти од траги на шминката и сите нечистотии кои во текот на денот се напластиле на лицето. Со масирање се втрива во кожата, започнувајки од вратот, околу брадата, устата, носот, потоа нагоре кон образите и челото. Најдобар ефект се постигнува доколку после добро исчистеното лице се нанесе природна крема. Им одговара на сите типови на кожа, посебно на чувствителна, оштетена сува кожа, зашто содржи екстракт на камилица.

  
Подетални информации околу производите, и како да дојдете до нив, во инбокс.

No comments:

Post a Comment