Ekoloski proizvodi Limes - Makedonija

Ekoloski proizvodi Limes - Makedonija
sponzor : Jasmina Trajkovska, Sorabotnicki broj: 30100302
Showing posts with label Нега на лице. Show all posts
Showing posts with label Нега на лице. Show all posts

Sunday, March 3, 2019

Мицеларна вода

НОВ ПРОИЗВОД

Мицеларна вода


МИЦЕЛАРНА ВОДА ЗА ЛИЦЕ - единствена формула која содржи
🌺 масло од памук, богато со витамин Е, кој го успорува процесот на стареење на кожата, и одлично е за позрела кожа, и
🌺екстракт на невен, кој има смирувачко дејство и ја подржува регенерацијата на кожата.
ЗА СИТЕ ТИПОВИ НА КОЖА.

Подетални информации за сите производи, како и за зачленување во Лимес, на страницата:


Бидете и вие дел од Јасмина Лимес Тимот



Monday, February 9, 2015

Еколошка ракавица

Еколошка ракавица за отстранување на шминка
цена 336 денари

Ја чисти кожата на едноставен, ефикасен и природен начин. Темелно и брзо ја отстранува шминката и нечистотиите од лицето, го масира лицето и ја подготвува кожата за понатамошен третман. Со употреба на еко ракавицата кожата е безбедна, здрава и се успорува процесот на стареење. Не иритира, па затоа таа е погодна и за чувствителна кожа.

Ракавицата се навлажнува со чиста топла вода и со благи, кружни движења се отстранува шминката и нечистотијата од лицето.

ОДРЖУВАЊЕ: По употреба, ракавицата се пере со детергент во млака вода, се остава да се исуши и се враќа во кутијата. По ова ракавицата е подготвена за повторна употреба.

СОСТАВ: 100 % памук

Tuesday, February 3, 2015

Млеко за лице и тело со Q10, алантоин и екстракт на невен-200мл


НОВО во палетата на Лимес производи. Млекото со Q10 пристигна и во Македонија. Веќе можете да го набавите преку нашите дистрибутери.

Млеко за лице и тело со Q10, алантоин и екстракт на невен-200мл

Покрај исклучителното млеко со Алое Вера, сега во понуда е врвно, повеќенаменско, хидратантно млеко за нега на лице и тело. Исклучително блага и брзо впивачка текстура. Токму она што е добро за кожата.
Формулата на млекото со алантоин и екстракт на невен поттикнува брза циркулација на крвта и со тоа го забрзува создавањето на нови ќелии, додека активните компоненти на единствениот енергетски комплекс Q10 на кожата и даваат можност да се регенерира во подлабоките слоеви на епидермот и со тоа ја регулираат оптималната количина на колаген во кожата.
Со редовна употреба на млекото за кожа, брчките ефикасно се намалуваат, а нивното враќање и создавање на нови е спречено. Q10 ефикасно ја штити кожата од негативни надворешни влијанија.
Невенот е природен регенератор, кој ја одржува природната влажност, мекост и еластичност на кожата.
Q10 во комбинација со невен и алантоин ја ревитализира кожата, ја храни и спречува стареење.


https://www.facebook.com/pages/Limes-vo-sekoj-dom/328798560641689 

Thursday, December 25, 2014

Limes | kremi za lice


Во колекцијата за нега на лицето, можете да најдете крема за секаков тип на кожа.

- Дневна крема со сребрена вода и екстракт на невен, 100мл, за сите во домот и за секаков тип на кожа

Кремата ја храни и ја хидрира кожата. Масните материи од маслената фаза и екстрактот на невен создаваат комплекси, кои на кожата оставаат невидлив филм кој ја храни и ја прави исклучително мека, додека водените супстанции со активните принципи продират длабоко и предизвикуваат зголемена циркулација – побрзо обновување на ќелиите. Во оваа крема е вградена сребрена вода која ја прави уште поефикасна во својата задача.


Со секојдневна употреба покрај нега овозможува отстранување на акни, гнојни чепови, мозолчиња и екцеми. Вака конципирана кремата е наменета за сите возрасти и типови на кожа.


- Природна крема- ноќна, 60мл, со масло на јојоба и прополис и екстракт од липа

Наменета за нега на лицето. Составена од природни суровини, жолт пчелин восок, cetaceum (се добива од коските од черепот на кит), јојоба масло, прополис и екстракт од липа. 
Кремата содржи биоактивни материи и е без конзерванси, зашто природниот восок содржи во себе мали количества мравја киселина, која ја конзервира по природен пат. Затоа можеме да ја наречеме - био крема „anti AGE” .


Кремата се користи навечер, а во зависност од типот на кожата може и преку ден. Се нанесува на претходно исчистена кожа со благо втривање, со што се овозможува длабинско делување во поглед на интензивирање на метаболизмот на клетките.
Многу е хранлива и мрсна и затоа за еден дневен третман е потребна многу мала количина од кремата. Посебно се препорачува на лица со сува, испукана кожа.
 

-Спа крема со екстракт на краставица, 100мл.

СПА кремата е дневна хидратантна крема која претставува заштитна бариера и го ограничува дневното губење на влага. Во кремата е вграден сок од краставица. Моментално и видливо ги отстранува недостатоците на кожата, црвенило, отоци, ги ублажува брчките. Краставицата содржи до 90% вода, витамин С, каротин, пектин, ензими и уште многу корисни материи кои ја негуваат кожата. Одлично средство е против воспаленија на кожата и слузницата.  

Се нанесува два пати во текот на денот без оглед на типот на кожата, а по потреба и повеќе пати ( за лица со сува и испукана кожа). Одговара на сите типови на кожа. Посебно се препорачува на лица со сува кожа, која лесно се перута и е наклонета кон создавање на брчки. Што добива кожата со употреба на СПА кремата? Потребната количина на влага, и се враќа природната влажност и спречува понатамошно губење на влажноста. Кремата е идеална за ладниот период кога заради студот и ветрот кожата дополнително губи влага. Многу добро делува на воспалена и мрсна кожа пропратена со мозолчиња и митесери, бидејќи краставицата делува како чистач на кожата.



- Секако, пред нанесување на кремите потребно е чистење на лицето, што можете да го сторите со Лимесовата ракавица за чистење на лице.

- Еколошка ракавица за отстранување на шминка
 
Ја чисти кожата на едноставен, ефикасен и природен начин. Темелно и брзо ја отстранува шминката и нечистотиите од лицето, го масира лицето и ја подготвува кожата за понатамошен третман. Со употреба на еко ракавицата кожата е безбедна, здрава и се успорува процесот на стареење. Не иритира, па затоа таа е погодна и за осетлива кожа.

Подетални информации околу производите, и како да дојдете до нив, во инбокс.