Ekoloski proizvodi Limes - Makedonija

Ekoloski proizvodi Limes - Makedonija
sponzor : Jasmina Trajkovska, Sorabotnicki broj: 30100302

Friday, June 3, 2016

Крема после сончање



 Limes Sun - Крема за после сончање !!!


Уживајте во чувството после сончање со смирувачка богата нега. 

Лето пристигнува, а со тоа и желбата за убав тен. Сакате да го сочувате бронзениот тен во текот на цело лето, без горење и тешкотии по заоѓањето на сонцето, а во прилог и заштита на здравјето на вашата кожа? Лимес помисли и на тоа!!!

Летните жештини на прагот ни дадоа идеја да направиме нешто што целосно ќе ја заштити здравата кожа по изложување на сонце ... "Здрав начин" нас не асоцираше на поле со невен, така што не требаше многу за да се спроведе идејата во богат крем - лосион со екстракт од невен и убави миризливи ноти на летото.

Сонцето е извор на радост и светлина, но исто така предизвикува предвремено стареење на кожата, ако не се заштити со вистински производи. Прекумерна изложеност на сонце без заштита, го зголемува ризикот од појава на многу болести, намален имунитет, алергии и изгореници. Сончањето убива до 50% на клетки во имунолошкиот систем кои се наоѓаат во кожата и телото и треба околу еден месец и половина да се обноват повторно. Со оглед на тоа што кожата го памти секое излагање на сонце, дури црвенила и изгореници од детството, многу е важно кожата да се заштитува, како пред така и после сончање. Негата на кожата после сончање е еден од предусловите за здрав, убав и негуван изглед на кожата.

После излегување на сонце и морска вода, кожата е исушена и иритирана и треба да и се врати изгубената влажност.

ЧУВАЈТЕ ЈА СВОЈАТА КОЖА - ТАА Е ПРОЗОРЕЦ НИЗ КОЈ НАШИОТ ОРГАНИЗАМ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ

Искористете ги максимално сончевите зраци, без страв, и уживајте после сончање зашто на Вас Limes Sun ви овозможува сигурна и корисна заштита на кожата!

Интензивно освежува, лади, ја штити кожата и помага на исушената, иритирана кожа да ја надохнади изгубената влажност.
Ја регенерира кожата и овозможува смирувачка богата нега. Благодарение на богатите активни протективни супстанци, систематски и ефикасно ја негуваат кожата, давајќи неопходна влажност и еластичност. Високиот процент на екстракти од невен во кремата го спречуваат развојот на микроорганизми и ja подобрува епителизацијата на кожата.

No comments:

Post a Comment